Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Берлинска полиција уапси сириски државјанин осомничен за подготовка на терористички напад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
Screenshot-2024-09-29-at-09.31.09

Полицијата во Берлин уапси 22-годишен сириски државјанин под сомнение дека планирал терористички напад во главниот град на Германија, соопшти во неделата германското државно обвинителство.

Според информациите на германскиот весник Bild, осомничениот, идентификуван како Абдала Р., наводно подготвувал самоубиствен напад со експлозив на засега непозната локација во Берлин. Тој пристигнал во Германија во 2023 година и поднел барање за азил, кое му било одбиено, но поседувал привремена дозвола за престој.

— реклама —

При претрес на три адреси на кои бил пријавен, полицијата пронашла материјали за изработка на експлозивна направа. Германските медиуми објавија дека Абдала Р. бил поврзан со Исламска држава. Уапсен бил во саботата попладне во берлинската населба Нојколн, позната по бројното арапско население.

— реклама —

Настанот повторно ја отвори дебатата во Германија околу прашањето дали мигрантите треба да се враќаат во Сирија. Министерот за внатрешни работи, Александер Добриндт, се залага за засилени депортации на сириски државјани кои извршиле кривични дела или уживале т.н. супсидијарна заштита поради граѓанската војна. Поддршка за овој став даде и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

— реклама —

Сепак, министерот за надворешни работи, Јохан Вадепфул, по неодамнешната посета на Сирија, изјави дека депортациите не се можни поради степенот на разурнување во земјата, што предизвика остри несогласувања во рамките на владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4mj581auo24g2N0aRJZ

Германија под аларм поради екстремни горештини, издадено предупредување за речиси целата земја

Свет | пред 1 ден

business-people-meeting-in-office-top-view-2021-08-26-16-33-05-utc-scaled-1

Невработеноста во Германија повторно над три милиони лица

Свет | пред 4 дена

media-library8d9visqctesu5B6DET9

Германската железница излезе од минус – прв профит по седум години

Свет | пред 5 дена

media-librarylvook9aclh662lhKgzS

Екстремните горештини однесоа речиси 13.000 животи во две европски земји

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања