Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Германија се откажува од приемот на Авганистанците што чекаат во Пакистан, можно е до крајот на годинава да бидат вратени на талибанскиот режим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarylenla4lvof1f2eR0mo4
Unsplash

Иако голем број Авганистанци со месеци живеат во пакистански пансиони финансирани од германската држава и имаа добиено уверувања дека ќе бидат хуманитарно примени, Берлин сега ја повлекува таа понуда. Како што пренесува Дојче веле, овие луѓе ќе добијат официјално известување дека „повеќе нема политичка волја“ нивниот прием да се реализира.

Портпаролката на германското Министерство за внатрешни работи, Соња Кок, потврди дека околу 640 лица што се наоѓаат на територијата на Пакистан веќе немаат перспектива да заминат за Германија, иако тоа претходно им било ветено во рамките на програмите за заштита од талибанскиот режим. Новата влада на канцеларот Фридрих Мерц реши да ги укине повеќето програми за преселување воспоставени од претходната коалиција.

Претходната влада предвидуваше прием на активисти за човекови права, новинари, жени што се соочуваат со прогон и други ранливи категории. Новиот министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, ги нарече тие обврски „прашања наследени од минатата влада“ и ги стопираше.

Одлуката првпат ги погоди и луѓето кои работеле за германските институции во Авганистан. Хуманитарната организација „Кабул-Луфтбрике“ потврди дека околу 130 од нив – за кои веќе била донесена позитивна одлука – добиле известивање во кое се наведува дека приемот е одбиен. Пораката, испратена од агенцијата ГИЗ, наведува дека нема правен основ за прием според член 22 од Законот за престој.

— реклама —

Според податоците што ги даде Кок, од останатите 220 локални работници, само 90 ќе можат да поднесат барање за прием. Добриндт изјави дека Германија ќе ги исполни само оние ветувања кои претставуваат правно обврзувачка одлука и нагласи дека сите кандидати мора да минат безбедносна проверка. До април 2025 година, Германија има прифатено околу 4.000 локални соработници и речиси 15.000 членови на нивните семејства.

— реклама —

Ситуацијата станува итна, бидејќи пакистанските власти предупредуваат дека на крајот од годината би можеле да ги предадат Авганистанците на талибанскиот режим. Иако неколку стотици лица се преселени по промената на владата, околу 1.000 луѓе и понатаму се заглавени во неизвесност.

Повеќе од 250 организации – меѓу кои „Хјуман рајтс воч“ и „Про азил“ – упатија отворено писмо до министерот Добриндт, барајќи веднаш да се обезбеди прием за ранливите семејства. Хелен Резен од „Про азил“ изјави дека ова ќе биде „испит за кредибилитетот и човечноста“ на германската влада.

— реклама —

Иако засегнатите нема веднаш да останат без сместување, како што потврдува Соња Кок, германските власти нудат и опција за враќање во Кабул – потег што многумина го доживуваат како ризичен, со оглед на безбедносната ситуација под талибанска контрола.

Дојче веле наведува дека во моментов околу 1.800 Авганистанци сè уште се надеваат дека Германија ќе најде начин да ги спаси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarychtkrm904751c2OUUdi

Германската индустрија лани изгубила 177.000 работни места

Свет | пред 6 часа

nemacka-policija-hamburg-2-620x350

Хрват во Германија ја уби сопругата на улица: „Ја уби со мачета, сè беше облеано во крв“

Свет | пред 7 часа

media-library81r7an7op8f6bKyCCyM

Министерот за одбрана на Германија бара заштита на доверливите податоци од АфД

Свет | пред 1 седмица

amerikanski-vojnici

Германија бара објаснување од Кина за наводната обука на руски војници

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања