Македонија

Собранието се одјави и пак се најави, итна седница за автопатот Охрид-Кичево

Собранието ќе ја измени работата на Собраниски канал, подготвено е ново студио

Собранието минатата недела најави дека ја одржа последната седница во овој пратенички состав, а за денеска закажа итна седница на која по скратена постапка треба да ги изгласа измените на Законот за автопатот Кичево – Охрид.
Со измените рокот за изградба се продолжува за уште три години или до крајот на 2026 година, наместо до крајот на оваа година. Не се предвидуваат дополнителни пари за изградба, цената е 598 милиони евра.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески, седницата ќе се одржи по барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството.

Ова ќе биде нов, шести по ред анекс на Договорот за изградба со кинески „Синохидро“.

По барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството, а по нивна меѓусебна координација, претседателот на Собранието, за денеска закажа итна седница за Предлог на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, предложен од Владата, се посочува во информацијата од Кабинетот на Митрески.

Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, информира владината прес-служба во соопштение по седницата.

На почеток