Македонија

Сашо Мијалков предвреме излегува од затвор, му го уважија барањето за условен отпуст

Кривичен суд одлучи дека осудениот Сашо Мијалков треба предвреме да излезе од затвор. Ова доаѓа откако Апелација им го укина решението со кое тој требаше да остане во затвор до крајот на оваа година. Сега, решија да го пуштат.

„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа.

Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, велат од Кривичен суд.

На почеток