Македонија

Ќе се бара затворски притвор за Јахоски, обвинителката поднесе жалба оти судијата го пушти во куќен притвор

Обвинителството бара притвор за Асмир Јахоски, односно поднесе жалба на решението за куќен притвор до Кривичниот совет. Ова го соопшти обвинителството за гонење организиран криминал и корупција откако обвинителката го анализирала решението на судијата на претходна постапка од Кривичен суд, кој одбил да донесе ваква мерка.

„Незадоволно од ваквата одлука во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основено кривичен суд поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото решение“, велат од Обвинителството.

Претходно, нему не му беше одредена мерка притвор бидејќи судот сметал дека е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација.

На почеток