Градоначалникот на Арачиново два пати претходно пријавувал закани по живот


Вчера во Арачиново беше пукано со калашников кон градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, кадар на ДУИ и тоа додека бил на должност и вршел увид на градежни работи.
Ибраими останал неповреден, додека со повреди се здобиле синот на возачот на градоначалникот и 39-годишниот Е.С., кој бил ранет во градниот кош.
Причината за пукањето и настанот кој ги вознемири арачиновци е непозната, иако но се претпоставува дека станува збор за претходен спор за земјиште каде треба да се изгради фудбалско игралиште.
Ова не е прв пат градоначалникот да се жали дека му е загрозен животот.Пред десетина месеци пријавил дека соселанец му се заканувал по животот, по што полицијата уапси 69-годишен арачиновец кој ги упатил заканите.
Полицијата активно трага по лицето кое што вчера пукаше.
