Македонија

Сообраќајка на експресниот пат А-3, едно лице со тешки телесни повреди

Пронајдени мигранти  од  Сирија повредени во сообраќајка: се криеле во возилата кои учествувале во несреќата на патот Гевгелија-Богданци

На 01.04.2024 во 11.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат А-3, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(57) од Штип и товарно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Д., констатирани во болницата во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

На почеток