Средба на јавниот обвинител на Република Македонија Коцевски и директорит на Управата за финансиска полиција Иванов
Од
Објавено на
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и директорот на Управата за финансиска полиција Горан Иванов денеска остварија средба на која се дискутираше за сите можности за интензивирање на соработката меѓу двете институции.
Притоа, особен фокус беше ставен на активностите за јакнење на координацијата со Финансиската полиција и со други надлежни органи во постапувањето по конкретни предмети, а со цел зголемување на ефикасноста и ажурноста на постапките кои се водат.