Свет

Децата ги извлекуваат низ прозорците од зградите кои се уриваат, хаос на улиците во Тајван

Најмалку седум лица загинаа во разорниот земјотрес што го погоди Тајван. Овој земјотрес со јачина од 7,4 степени е оценет како најмоќниот што го погодил островот во последните 25 години, а доказ за тоа се бројните видеа снимени на социјалните мрежи.

На една од снимките се гледа како маж се обидува да спаси деца од нешто што изгледа како урната зграда. Имено, тој низ прозорецот извлекува едно дете од урнатините.

Еден од жителите на Оушн Каи рекол дека бил навикнат на земјотреси, но дека на почетокот потресите не биле интензивни. Меѓутоа, после тоа стана хаотично.

„Штотуку станав од креветот кога полицата за облека и кабинетот паднаа“, рече тој. „Се преврте и полицата за книги“, додаде тој.

Јапонија и Филипините ги укинаа предупредувањата за цунами, а претседателот Каи Инг-вен рече дека војската на Тајван ќе биде вклучена во спасувачките операции.

На почеток