Македонија

Малолетничка со тешки повреди: нова сообраќајка со автомобил и велосипед

02.04.2024 во 16.00 часот, во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Оризари, велешко, на крстосница од ул.„Партизанска“ со ул.„Сараевска“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од малолетничка од село Горно Оризари и патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(48) од село Горно Оризари.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На почеток