Македонија

Пресуда: Затворски казни за грабнувањето на Самоил, внукот на Бошковски

Првообвинетиот Виктор Милановски за грабнувањето на Самоил Костадиновски (внук на Љубе Бошкоски) доби пет години и десет месеци затвор, а второобвинетиот Саша Челикиќ доби две години и два месеци. Двајцата се прогласени за виновни од судијката Славица Наумова-Јосифовска оти го сториле делото „грабнување“.

Според судијката, Обвинителството докажало дека заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – роба во количина од 4 килограми.

Обвинителството побара да се продолжи и притворот за Милановски, а за Челикиќ да се определи куќен притвор.

На почеток