Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е наша заедничка борба за Македонија повторно твоја

,,
Денеска започнува крајот на поразите, на неправдите, понижувањата и распродажбата на националните и државни интереси, на осиромашувањето и газењето на достоинството на македонските граѓани од стана на СДС, ДУИ и Стево Пендаровски.

Денеска започнува вистинската борба за промените кои се потребни да се случат за да си ја вратиме изгубената држава. Да ја вратиме Македонија на граѓаните.

Да ја направиме Македонија повторно горда земја. За Македонија повторно твоја, обединета. За Македонија во која ќе се врати надежта.

Се обврзуваме да ги донесеме промените и целосно да ја трансформираме Македонија.

Да ја вратиме надежта. Да го вратиме изгубеното достоинство. Да ставиме крај на хаосот, криминалот и безредието.

Да донесеме иднина. Да донесеме нова надеж.

За Македонија на сите граѓани. За твоја, наша Македонија која ќе победува. Промените се во твои раце!

За таа цел, пред почетокот на големиот народен митинг во 20 часот на ВМРО-ДПМНЕ пред владата на Република Македонија, ќе се одржи Отворено студио во 18:30 часот на кое свое обраќање ќе имаат носителите на Изборните единици, Владо Мисајловски, Драган Ковачки, Александар Николоски, Ѓорѓија Сајкоски и Дафина Стојаноска.

Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат, заедно, сплотени да ставиме крај на оваа власт и да кажеме дека народот е обединет.

Ова е наша заедничка борба за Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток