Македонија

Во пунктот „Пролет“, сите кои наполниле сега 18 години можат без термин да се сликаат за докуемнти

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги повика граѓаните кои сега наполниле 18 години и немаат никаков документ за идентификација, а се од Скопје, да одат да се фотографираат без термин во полициската станица „Пролет“

„Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024г.) во периодот од 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата (за Скопје во пунктот “Пролет”) за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта, ниту пасош.
Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори“, вели Тошковски.

На почеток