Македонија

Одговорност за скандалот со лажните анкети и системот на злоупотреби на ДПМНЕ мора да има, вели СДСМ

„За скандалот со лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ, а нарачани од штабот на ДПМНЕ мора да има одговорност“, вели СДСМ и додава:

Разтокриена е цела една шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ, за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, објавени на МТВ, за пласирање лажни вести, но и други активности.

Се договарале емисии за анализирање на анкети од ИПИС, се дефинирал составот на гостите на емисијата со 3 опозициски аналитичари, дури имало и одговорен за ширење лажни вести преку т.н. „дувла“.

За градоначалниците од ДПМНЕ предвидена е „обврска“ кон Владимир Божиновски.

Скандалот покажа дека постои спрега помеѓу ДПМНЕ, државната телевизија и општини под капата на оваа партија.

Во документите од оперативен план на ДПМНЕ меѓу задолжените за креирање емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС, со повикување аналитичари, со отворање дувла е наведен и директорот на националниот сервис.

Националната телевизија МТВ е платена со пари од граѓаните и не смее да биде дел од партиски агенди и пропагандистички активности.

Постојат основани сомневања за систем на злоупотреби за кои мора да има одговорност и постапување од надлежните институции.

На почеток