Македонија

Јавното обвинителство одржа состанок за подобрување на регулативата за спроведување дисциплински постапки

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, членовите на Советот на јавни обвинители и членовите на Дисциплинската комисија при Јавното обвинителство вчера одржаа работен состанок организиран од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ Компонента 1 на тема Дисциплински постапки во Јавното обвинителство на која беше презентиран извештајот за дисциплинските постапки и се дискутираше за потребата од измени на Правилникот за начинот на спроведување на постапка за утврдување на одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда.

Учесниците на состанокот ја истакнаа потребата од понатамошно подобрување на постоечката регулатива во спроведување на дисциплинските постапки во согласност со европските стандарди.

На почеток