Медиасет

(Видео) Падна пред претседателот: Урнебесна сцена и гаф кој ги насмеа сите

Макрон: Следните неколку месеци ќе бидат одлучувачки за Унгарија и ЕУ

Францускиот олимпиец Алексис Жандар (26) се обрука пред претседателот на Франција, Емануел Макрон, за време на отворањето на Олимпискиот центар за спортови на вода во Париз.

Жандар се обрука на местото каде што ќе настапува летово и тоа на урнебесен начин.

Французинот се обиде да изведе скок, но се лизна и само падна на грб на таблата.

Меѓу фановите беше и Макрон.

Жандар освои сребрени и бронзени медали на светските првенства.

„Ви благодариме за поддршката. За ваша информација, мојот грб е добро, но моето его…“, изјави Жандар по гафот.

На почеток