Медиасет

Алкараз: Загрижен сум за Надал

Карлос Алкараз изрази жалење што Рафаел Надал се повлече од турнирот во Монте Карло.

Надал не е физички подготвен, па ќе го прескокне овој голем турнир, уште еден по Индијан Велс, Австралија опен.

Овој е посебен за него, па оттука и жалењето што ќе го нема, турнирот во Монте Карло го освои Надал рекордни 11 пати.

Загрижен сум. Би сакал наскоро да се врати на теренот“, изјави неговиот сонародник Карлос Алкараз за ситуацијата со Надал.

Дури ни Алкараз не знае, вели, колку време Надал ќе биде надвор од терените.

„Не знам ништо за Надал. Очигледно, како Шпанец и љубител на тенисот, се плашам дека нема да игра на турнирите кои се толку посебни за него. Ако го прескокне Монте Карло, се надевам дека ќе игра барем во Шпанија“, се надева Алксараз.

Најголемата желба на младиот Шпанец е да игра двојки со Надал на Олимписките игри.

“Тој отсекогаш бил мојот идол. Нема подобар начин да дебитирам на Олимписките игри од тоа да играм со него како пар. Ќе видиме како двајцата ќе одиме во Париз, бидејќи се е можно”, изјави Алкарас.

На почеток