Тешка несреќа на Стража: се судрија камион и автомобил, возач и сопатник во болница


Денеска (05.04.2024) во 09.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар – Стража, на местото викано „Новоселски мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје и патничко возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(67) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „волво“, додека возачот на „мерцедесот“ и неговиот сопатник Ф.М.(55) од Скопје се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската болница „Ферид Мурад“. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.
