Зеленски: Имаме комбинирана заштита, Русија се плаши од тоа
Володимир Зеленски, претседателот на Украина, изјави дека неговата земја се потпира на комбинирана одбрана од руските наведувани бомби фрлени од авиони, како и на развивање на сопствено оружје за запирање на авионите испратени од Москва.
„Укринформ“ пренесува дека Зеленски ова го изјавил во интервју за „Јунајтед њуз“ за време на телетонот што се одржал во регионот Чернихив.
„Украина сега може да смета на комбинирана заштита од наведувани бомби што се фрлаат од авиони бомби од поголема далечина“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател изјави дека врз основа на растојанието на кое украинските сили ги собориле авионите што ги носеле тие бомби, Русите сфатиле дека не треба да испраќаат такви авиони толку длабоко на територијата на Украина.
„Затоа го зголемија растојанието (од кое напаѓаат). Мораме да го зголемиме бројот на системи за противвоздушна одбрана со долг дострел. Нагласувам дека Русија се плаши од тоа“, рече Зеленски.