Финскиот претседател: Нема услови за преговори со Русија
Од
Објавено на
Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека воената акција е единствениот начин за постигнување мир во Украина и дека нема услови за преговори со Русија.
„Во овој конкретен случај, единствениот начин да се постигне мир е да се бориме“, рече Стуб во интервју за Си-Ен-Ен.
Тој истакна дека постигнувањето мир е двонасочен процес. Според него, потребно е двете страни „да ги вкрстат патиштата во некоја фаза, кога ќе се создадат услови за тоа“. Стуб изјави дека не знае кога ќе се појават потребните услови за тоа.
„Во моментов немаме никаков политички дијалог со Русија. И мислам дека не можеме ниту треба да го водиме“, заклучи финскиот претседател.