Свет

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната

Зеленски за авионите Ф-16: Дефинитивно ќе ги видиме на украинското небо

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе ја загуби војната против Русија доколку Конгресот на САД не одобри воена помош за Киев.

„Неопходно е да му се објасни на Конгресот дека ако не и помогне на Украина, Украина ќе ја изгуби војната“, рече Зеленски, објави Киев Индипендент.

Зеленски истакна дека на Украина ќе и биде „тешко“ да „преживее“ без помош, додавајќи дека, според него, намерите на Русија да освои повеќе територии ќе се зголемат доколку биде успешна во Украина.

„Доколку Украина ја загуби војната, другите земји ќе бидат нападнати“, рече Зеленски.

Коментарите на Зеленски доаѓаат откако претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, вети дека по Велигден ќе го стави на дневен ред гласањето за помошта за Украина, по неколку месеци чекање.

Тој претходно изјави дека нема да го стави прашањето пред конгресмените на гласање.

На почеток