Свет

Државниот секретар во српско МВР за потрагата по телото на Данка Илиќ: „Детето заслужува достоинствен погреб, ја пребаруваме Злотска река“

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Жељко Бркиќ вели дека над 1.500 полицајци во соработка со над 1.000 граѓани од различни служби придонеле за пронаоѓање на убиената Данка Илиќ.

Претресите на терен ги насочивме кон оние локации каде што осомничените ни кажаа дека го оставиле телото на Данка Илиќ. Засега вршиме увид на коритото на Злоцка река.

Однесувањето на осомничените, за кои постојат докази дека извршиле кривично дело тешко убиство, Жељко Бркиќ го опишува како најмонструозна форма на човечко однесување. Додека едниот детално опишал како ја убил Данка Илиќ, другиот решил да се одбрани молчејќи.

– Тешко е да се дознаат причините поради кои не сака да соработува. Но, кај нив се гледа толкав недостаток на емпатија и непромисленост, осомничениот и сега кога е соочен со вистината не сака да каже каде го сокрил телото на Данка Илиќ. Тоа покажува голем недостаток на емпатија. Тоа дете има право на достоинствен погреб, за да можат родителите да му посветат гробно место. Тие се лишени од секакво човечко чувство – вели Бркиќ.

Бркиќ вели дека досега се собрани доволно докази врз основа на кои може да се подигне обвинението и додава дека надлежните органи ќе можат да донесат соодветна пресуда.

Бркиќ наведува и дека е тешко ментално да се реконструира ова злосторство и дека се надева дека телото на Данка Илиќ наскоро ќе биде пронајдено.

– Се надевам дека телото на Данка ќе биде пронајдено, нема сомнеж дека детето е внесено во возилото од местото на допир со возилото – вели Бркиќ.

На почеток