Македонија

Притисоците не престануваат туку се интензивираат, вели Максим Димитриевски кој добил покана за распит

Кандидатот за претседател, Максим Димитриевски, се пожали дека притисоците кои ги трпи се интезивираат. Тој добил покана да се јави во Обвинителство на 15-ти месецов поради пријава дека не извршил судска одлука.

„Притисоците не престануваат туку како и што очекував се интензивираат. Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда а ќе има и мир а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем“, вели Димитриевски.

На почеток