Шест лица загинаа во пожарите во Кина

Од
Објавено на

Шест лица загинаа во пожарите во кинеските градови Вужоу во провинцијата Гунагси и Хефеи во провинцијата Анхуи, соопштија локалните власти.
Пет лица загинаа во пожар во градот Вужоу што во понеделникот избувна во самопослуга, а истрагата за причините за пожарот е во тек, јавува Ксинхуа.
Во градот Хефеи едно лице загина, а 11 се повредени во пожар во трикатница.
Жртвите се ученици од старателскиот центар, кои по завршувањето на часовите си ги вршеле домашните задачи во читалната, пишува весникот Чајна.
Полицијата започна истрага.
