Скопје

Причините за пожарот во Универзална сала се уште се непознати

Пожарот кој изби во Универзална сала е локализиран, соопшти ЦУК.

Екипи на протипожарната бригада од Скопје, работат на негово целосно гаснење. По ова ќе треба да се утврдат и причините поради кои изби пожарот и ја пеплоса салата која е симбол на градот Скопје.

Увидни екипи на МВР ќе влезат веднаш штом пожарникарите укажат дека е безбедно за да започне увидот.

Не се знае, но не се исклучува причината за пожарот да биде човечки фактор, а сомневањата се и на старата дотрајана елктрична инсталација.

На почеток