Арсовска бара да се запрат работите на Универзална сала, ама таа не нејзина лична своина, порача министерката Стојчевска
Од
Објавено на
Да се запрат работите на Универзална сала, побарала скопската градоначалничка Данела Арсовска од министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска. Според министерката, тоа не може да се случи. Ја прати Арсовска да оди во Советот и да донесат одлука со советниците.
„Добивме известување за раскинување на договор. Универзална сала не е лична своина на Данела Арсовска. За Универзална сала одлучуваше Совет на Град Скопје. Ако таа сака ова да го однесе пред советниците, тоа е нејзино право. Ако тие одлучат, нема проблем. Тоа е процес на кој ние не можеме да влијаеме“, рече Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Според неа, реконструкцијата ќе продолжи.