Во Русија откажано првото лансирање на ракета поради дефект
Во Русија денеска беше откажано првото лансирање на ракетата од тешка класа Ангара-А5 од новоизградената лансирна рампа на космодромот Восточни поради дефект во системот за надополнување на резервоарот за оксидатор на централната единица.
Следниот обид за лансирање е закажан за утре, пренесува РИА вести.
„Командата за прекин на лансирањето е издадена“, изјави коментатор на рампата за ракетата, која требаше да биде лансирана во 12 часот по московско време.
Инфраструктурата за лансирање на ракети Ангара на космодромот Восточни е во изградба од 2018 година.
Претходно од космодромот Плесек беа лансирани три тешки ракети Ангара, а од 2016 година од космодромот Восточни беа лансирани вкупно 16 ракети од класата Сојуз-2.1а и Сојуз-2.1б.