(Видео) Украина: Ја погодивме фабриката за авиони во Русија
Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) го погоди главниот производствен погон на фабриката за авиони во руската област Воронеж, дозна денеска Ројтерс од украинските разузнавачки кругови.
Според истиот извор, погоден е објект за поправка на авиони во градот Борисоглебск, но нема информации за степенот на штетата. Градот се наоѓа на најмалку 350 километри од линијата на фронтот контролирана од Украина, на североисток.
Ројтерс не може независно да ги потврди наводите. Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека над областа биле соборени два украински беспилотни летала.
Киев сè повеќе напаѓа подлабоко на руска територија, гаѓајќи ги воените објекти и енергетската инфраструктура што ја напојува руската воена машина. Главно користи дронови со долг дострел од домашно производство.
Russian outlet ASTRA, referring to its own sources, reports about an attack of two UAVs on the Borisoglebsk Aviation Training Center for training flight personnel of front-line bomber and attack aviation in the Voronezh region. The facade was reportedly damaged. pic.twitter.com/5SiOUYmDzJ
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) April 9, 2024
Additional footage pic.twitter.com/ej47FOILyJ
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) April 9, 2024