Куп тепачки и пукање во Скопје: Сосед нападнал соседка, малолетник натепан на улица, татко добил шамари од син
На 09.04.2024 во 23.35 часот во СВР Скопје М.М.(54) од Скопје, пријавила дека околу 19.30 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од соседот Ф.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.04.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје Б.М.(41) од с.Трубарево-скопско пријавил дека околу 20.30 часот во с.Идризово-скопско неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.04.2024 во 22.05 часот во СВР Скопје М.Ј.(51) од Скопје пријавил дека околу 21.40 часот во индустриската зона Бунарџик по претходна вербална расправија бил физички нападнат од Д.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.04.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје С.С.(58) од с.Јурумлери-скопско пријавила дека на 06.04.2024 околу 08.15 часот во населбата Нова Колонија-скопско, била физички нападната од 65-годишната С.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје С.С.(39) од Скопје, пријавил дека на 08.04.2024 околу 21.52 часот на подрачјето на Гази Баба дошле четири лица и едното од нив извадило пиштол и испукало еднаш во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.04.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје 77-годишен маж пријавил дека на 06.04.2024 околу 15.00 часот во домот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од својот син С.К.(52) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.