Свет

Решавачки момент: Дали русите ќе ја завршат војната?

Аналитичарите: Израел го загуби имиџот во војната против отпорот

За неколку недели Русија ќе може да истрела 10 артилериски гранати за секоја граната испукана од Украина без дополнителна американска помош, изјави генералот Кристофер Каволи.

Највисокиот американски генерал кој ги надгледува воените операции во Европа ги предупреди американските пратеници дека војната во Украина достигна решавачки момент, при што се очекува Русија да има предност од 10-1 во гранати и артилерија „во рок од неколку недели“.

Единственото нешто што може да го спречи тоа сценарио е ако САД одобрат дополнителна воена поддршка за владата во Киев.

„Гравитацијата на овој момент не може да се прецени“, рече генералот Кристофер Каволи во сведочењето пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом.

Украина ќе остане без гранати и противвоздушни ракети без дополнителна американска поддршка, додаде Каволи.

To Top