Македонија

Му рекла да застане, но тој извршил обљуба – Кавадарчанка пријавила силување

На 26.02.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Кавадарци, 29- годишна девојка од Кавадарци пријавила дека на 24.02.2019 година околу 22.30 часот во нејзината соба нејзиниот познаник И.А.(28) од Кавадарци извршил обљуба врз неа. Според пријавеното, тие прво почнале да се бакнуваат, по што таа му рекла да застане, но тој ја извршил обљубата.

И.А. бил пронајден и со него бил извршен разговор во полициска станица. По Наредба на јавен обвинител Ј.П. ќе биде спроведена до институтот за судска медицина во Скопје за преглед и вештачење . Се работи на расчистување на случајот.

На почеток