Фуркан Салиу објасни за пиштолот: Љубител сум на огнено оружје, или одиш на кафе, на шопинг или да пукаш на стрелиште – ме релаксира
Новинарот Фуркан Салиу во „Слободен печат“ одговараше на прашањето зошто со него, на спортски натпревар, носел пиштол. Тој прво посочи дека бил пронајден на противзаконски начин, а потоа и дека бил расклопен. Кажа дека фотографијата споделена на социјални мрежи е автентична. Потоа посочи дека е љубител на огнено оружје и дека тоа го релаксира.
„Се утепав од објаснување. Одете во стрелиштето, каде што пукам почесто и проверете ги листите. Навистина многу често одам таму и го гледам како релаксација, мислам навистина сакам, мислам, љубител сум на вакво, на огнено оружје. Знам доста за овој дел. Чисто одиш да се релаксираш. Нема многу места во Скопје каде можеш да се.. Или одиш на кафе, на шопинг во трговски центар или ќе одиш да пукаш, што ќе правиш во Скопје.. Или теретана некоја, не знам. Нема што да правиш во Скопје. Нека одат, нека ги проверат листите, ќе ме најдат таму.. Недела беше“, рече Салиу, со цел да појасни дека пиштолот го носел оти по натпревар сакал да замине на стрелиште.
Посочи дека повеќе од две години го има оружјето – со дозвола.