Израел утрово го отвори својот воздушен простор

Од
Објавено на

Израел утрово го отвори својот воздушен простор, кој беше затворен поради ирански напад со околу 300 проектили и борбени дронови, јавуваат израелските медиуми.
Во соопштението на израелските аеродромски власти се наведува дека израелскиот воздушен простор е повторно отворен, но на патниците од Тел Авив им се препорачува да го проверат распоредот на летот поради нарушување на линијата на летот, пренесува Ројтерс.
