Свет

Израел: Иран е подложен на санкции за нападот, имаме право да се браниме

Израелското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Иран „мора да ја плати цената за својата агресија“ преку санкции и дека Израел има право на самоодбрана.

Првите мерки на Израел ќе бидат прогласување на иранската Револуционерна гарда за терористичка организација и нов пакет санкции кои ќе бидат насочени кон балистичката ракетна програма на Техеран, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Овој напад го докажува она што Израел го зборуваше со години: Иран стои зад терористичките напади во регионот и исто така е најголемата закана за регионалната стабилност и светскиот поредок“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека милитантните групи Хути и Хезболах го помагале иранскиот напад и дека Израел „како и секоја друга земја има право да се брани“.

„Израел успешно се бранеше од иранската агресија и ќе продолжи да го прави тоа во иднина“, се вели во соопштението.

На почеток