Свет

Нетанјаху го свикува воениот кабинет, Америка го предупредува Израел

Судењето за корупција на Нетанјаху продолжува во екот на војната против Хамас

Викендов, за прв пат во историјата, Иран директно го нападна Израел од своја територија, при што лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и балистички и крстаречки ракети. Израел тврди дека со помош на своите сојузници уништил околу 99% од нив.

ОН и Америка повикуваат на воздржаност, но Израел сигурно ќе одговори на иранскиот напад. Прашањето е кога и како, но нема сомнеж дека одговорот ќе биде значаен.

Нападот на Иран врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без посериозни последици откако повеќето од нив беа пресретнати и соборени. На состанокот на израелскиот воен кабинет било договорено што ќе се случи понатаму, меѓутоа, портпаролот на новинарите им рекол само дека се одобрени плановите и за напад и за одбрана на земјата, а одлуката за се ќе биде донесена во следните 24 часа.

На почеток