Свет

Нивото на Урал паѓа, големите поплави во Русија стивнуваат

Четворица загинати во поплавите во Бугарија и Турција, поплавени хотели и куќи

Нивото на водата во реката Урал кај Оренбург се спушти на 1.165 сантиметри, соопшти денеска регионалниот штаб на руското Министерство за вонредни ситуации.

Нивото на Урал во Оренбург вчера падна за прв пат од почетокот на големите поплави што ги зафатија регионите на Русија во јужниот дел на Урал.

Тие региони годинава се соочија со невидени поплави, а најтешка е ситуацијата во регионот Оренбург, каде на 5 април пукна браната што го штити градот Орск од реката Урал. Во Оренбуршката област е воведена федерална вонредна состојба, а вонредна состојба е и во Курганската и Тјуменската област.

Властите на соседен Казахстан, во чии бројни подрачја е прогласена вонредна состојба, објавија дека сегашните поплави се најголеми во последните 80 и повеќе години и дека до денес се евакуирани повеќе од 107.000 луѓе.

На почеток