Македонија

Пецаков на изложбата посветена на охридскиот уметник Вангел Наумовски

,,Синоќа имав чест да присуствувам на изложба посветена на вонвременскиот охридски уметник Вангел Наумовски. Изложбата беше организирана од ЛК „Лихнидос“, а на неа присуствуваа бројни охриѓани, а за него зборуваа уметници, ликовни критичари, историчари, новинари, пријатели, познаници, општествено истакнати личности и членови на неговото семејство.

Изложбата на која беа изложени дела од Вангел Наумовски се организира по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Од страна на организаторите и фамилијата Наумовски произлезе иницијатива за именување на плоштадот кај „Мини Маркет“ во Плоштад „Вангел Наумовски“. Оваа иницијатива со задоволство ја прифаќам и ја иницирам постапката за прифаќање на оваа иницијатива и со тоа големиот Вангел Наумовски да добие заслужено место. Неодамна на овој простор од страна на Младите од Охридскиот архитектонски колектив „Архрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, со поддршка на ЛК Лихнидос, ЛК Охрид, Кармен Бауцентар и уметнилчката галерија „Букефал“ беше исцртан мурал посветен на 100 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски.”, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

На почеток