Скопје

Розова панделка во Градски парк

По повод одбележувањето на месецот на борбата против ракот на дојката, а во рамки на кампањата „Напред розово 2018“, денес во Градскиот парк во Скопје беа засадени цвеќиња.

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, заедно со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, поддржувачите и активистите на Здружението „Борка“, како и претставници од граѓанскиот сектор, присуствуваа на настанот и во знак на поддршка на борбата против ракот на дојката, засадија цвеќиња во форма на розова панделка.

Цвеќињата за настанот ги обезбеди ЈП „Паркови и зеленило“, а истиот е во организација на здружението „Борка – За секој нов ден“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток