Македонија

Јакимовски: Македонија нема време за губење

,,Ние треба да им кажеме, подготвени сме да чекаме до 2030-та година да
чекаме влез во Европска Унија, нели влеземе до 2030-та година, Вие нема
да бидете наш приоритет. Ние ќе тераме од тој пат нема да се откажуваме,
но ние мораме да си бараме пат за развој на државата.”, вели Јакимовски.

Јакимовски прашува зошто во Македонија нема странски инвеститори како
една Србија?

,,Moжно ли е во Македонија да нема ниту еден инвеститор од Саудиска
Арабија, од Катар, од Емирати, од Либан да бројам уште? Како тие
инвеститори ги има и во Германија, и во Англија како ги има во Америка?
Ги има во Србија. Можно ли е Лук Оил да има 1300 бензиски пумпи во
Америка, а ние да не смееме ни руска салата да јадеме.”, прашува
Јакимовски.

Алтернатива според претседателскиот кандидат Македонија мора да има.

,,Зошто говориме за алтернативи? Ние не викаме ќе напуштиме ова ќе одиме
во БРИКС. Ќе ги отвориме вратите за инвестирање во оваа држава.”, вели
тој.

Клучен дел за безбедноста на државата е економскиот потенцијал и
стабилност, токму поради тоа Јакимовски потенцира дека ќе се фокусира на
македонската економија како претседател на државата.

,,Дел од безбедноста на државата е и економскиот потенцијал на државата.
Социјалната стабилноста на државата. И тоа и те како е под ингеренции на
претседателот. Значи ти ако си економски слаб, па тоа е и нивната цел,
ние што повеќе да се задолжуваме, да имаме што поголеми дефиците, што
поголема помош да бараме од нив за да немаме каде да одиме”, заклучи
Јакимовски.

На почеток