Македонија

(Видео) Културните работници кои немаат плата отидоа кај Бисера за да тргаат маски: Време е за акција

Вработените во културата си ги бараат платите за март, која им доцни три дена. Тие на прес-конференција ја споделија нивната загриженост дека за неколку дена ќе останат без здравствено осигурување. Си ја бараат платата за 12% покачена, како што било ветено.

„Како беше ветувано покачување на платите за март, ако тоа не е усогласено со Минситерството за финансии? Кој е виновен за колапсот во културата? Време е за акција за да се обезбеди секој културен работник не да ја добие само платата, туку и почитта. Од утре почнуваат протестите пред Министерството за култура, нема да запрат додека не се добие платата за март со предвиденото покачување“, прашуваат од Синдикатот на културата.

Според нив, ова е исмевање на сите вработени во културата и ја загрозува егзистенцијата.

За оваа тема, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска зборуваше во живо во „Претрес со Ландов“.

На почеток