Свет

Четири руски ракетни фрлачи се сериозно оштетени на Крим, во нападот се оштетени и авиони

Во украинскиот напад на воениот аеродром на Крим во средата сериозно се оштетени четири ракетни фрлачи, три радарски станици и друга опрема, соопшти денеска украинската воена разузнавачка агенција.

Четири ракетни фрлачи земја-воздух С-400 и контролен пункт за воздушна одбрана стациониран во воздухопловната база Џанкој се меѓу опремата што е „уништена или критично оштетена“, објави агенцијата на Телеграм, пренесе Ројтерс.

Агенцијата додава дека во нападот биле уништени или оштетени и голем број авиони. На неколку сметки на каналот Телеграм вчера се појави информација за силна експлозија во Џанкој. Ројтерс не можеше да ги потврди наводите, а Русија официјално не ги коментираше.

На почеток