Свет

Ќе се вештачат трагите пронајдени во автомобилот на осомничените за убиството на малата Данка

Вишото јавно обвинителство во Зајечар издало наредба за вештачење на пронајдените траги во автомобилот за кој постои сомнение дека Д.Д и С.Ј го извршиле убиството на Данка Илиќ

Наредено е да се вештачат и пронајдените предмети во тој автомобил.

Постои сомнение дека Д.Д и С.Ј ја удриле девојката со автомобилот, по што ја внеле во автомобилот и се упатиле на непозната локација.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Д.Д. и С.Ј. се сеуште во притвор, како и таткото на Д.Д кој е осомничен дека помогнал телото на девојчето да се премести од една на друга локација.

На почеток