Македонија

Царува превозот без лиценци во Тетово: полицијата запре три лица кои заработувале „на црно“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 06.12.2023 на регионален пат Тетово – Брвеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило кое го управувал пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 19.12.2023 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 07.02.2024 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

На почеток