Македонија

Скопјанец натепал сопруга и соседка, малолетник тепан во трговски, на Бит пазар се боделе со ножеви

Денеска (19.04.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле Б.М.(47) и С.М.(35), двајцата од Скопје. Б.М. се сомничи дека физички ја нападнал сосетката М.П.Б.(35) од Скопје, а потоа неговата сопруга С.М. агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Д.В.(48) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во Градски трговски центар во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот од нив имал остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.04.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(24) од Скопје пријавил дека на 17.04.2024 околу 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.Р.(42), кој употребил и остар предмет и му нанел повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.04.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар Џ.Р.(27) бил физички нападнат од И.Р.(45), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток