Македонија

СДСМ: Граѓаните се за европска иднина, Македонија нема време за губење

,,Граѓаните се за европска иднина, за подобар животен стандард, повисоки плати и пензии, раст на економијата, европско образование, европско здравство, европско судство, заштита на животната средина, стабилна и предвидлива иднина.

Тоа го покажа и вчерашниот голем митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.

Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ може да се подобрат состојбите во здравството, во судството, во образованието, борбата против криминалот и корупцијата.

СДСМ и Коалицијата за европска иднина имаат јасен, конкретен план за европската иднина на Македонија.

Од друга страна ДПМНЕ има план кој не е план, план за мораторум за ЕУ. Ќе го одложуваат патот кон ЕУ и за неуспесите ќе ја обвинуваат ЕУ. Спремни се да изгубат уште 11 години од нашите животи, од животите на нашите деца, на нашите внуци.

Македонија едноставно, нема време за губење.

На овие избори понудата пред граѓаните е надеж за подобро утре во Европската Унија од една страна и безнадежност, изолација и рампа на патот кон Брисел од друга страна.”, изјавија од СДСМ.

Иднината на Македонија е во ЕУ. Со СДСМ нема откажување од иднината.

На почеток