Свет

Тројца повредени во терористички напад во Ерусалим

„Терористите отворија оган врз нас“: Судири во Ерусалим, петмина тешко повредени во напади меѓу израелската полиција и Палестинците

Три лица се повредени утринава во терористички напад во Ерусалим, извести израелската полиција, пренесува Jerusalem Post.

„Утринава околу 8 часот е добиена пријава за сообраќајна несреќа и повредени тројца пешаци на улицата Течелет Мордехај во Ерусалим“, извести полицијата. Терористите со својот автомобил налетале на пешаците, а потоа излегле од возилото и го впериле оружјето кон пешаците, но потоа побегнале и го фрлиле оружјето што го имале.

Окружниот командант на Ерусалим нареди мобилизација на сите расположливи ресурси, вклучително и специјалните сили, со примарна цел брзо заробување на двајцата терористи кои бегаат.

На почеток