Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Напаѓачот во „Инфомакс“ кршел врати, фрлал чаши и се заканувал со убиство: Обвинителството бара притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarye588bsv09g02bWiFeZk
Инфомакс

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично делоНасилство од член 386 став 3 во врска став 1, како и кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот делото го извршил синоќа, во просториите на студиото на Инфомакс, во моменти додека се емитувала онлајн програма во живо. Тој ја обил надворешната врата во дворот, како и уште две врати на објектот, влегол внатре и започнал со  насилничко и агресивно однесување,  заканувајќи им се на двајца новинари, гостин и уште еден вработен дека ќе ги убие поради искажани навреди за премиерот.

Започнал да замавнува и да пробува да се пробие и да дофати еден од новинарите, фрлал со чаши кон нив, ги влечел и ги туркал додека не го изнеле надвор и не повикале полиција.

— реклама —

Како резултат на настанот, новинарите биле спречени во извршувањето на нивната службена должност, односно морале да го прекинат емитувањето на програмата. Исто така, од чинот на насилство сите присутни се почувствувале исплашени и загрозени за своите животи и за својата безбедност.

Јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а со оглед на добиени  информации од кривичната пријава за неговата претходна здравствена состојба, во текот на постапката ќе биде наредено и психијатриско вештачење на осомничениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygc872iaj0her6KOTKt0

(Видео) Маж бегаше од глутница кучиња која повторно се појави во Карпош 4, жителите стравуваат за безбедноста

Скопје | пред 1 месец

media-libraryaksrrm6dfldk9TLcTXY

(Видео) Симпатизер на СНС нападнал средношколци по протест пред Уставниот суд во Белград

Свет | пред 1 месец

media-librarym8c7vksra6286JSkOeB

Руски дрон погоди автомобил кај Харков, три лица загинаа

Свет | пред 1 месец

media-library4vfbgp207jh69NkQlER

„Истрелавме Орешник“ тоа е одмазда за ударот врз резиденцијата на Путин“, порача Русија

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања