Свет

Регистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени во Тајван

Серија земјотреси во Турција: четири потреси во рок од еден час

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот округ на Тајван, Хуалиен, соопшти Метеоролошката управа на тој кинески регион.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти Метеоролошката управа, пренесе Ројтерс.

Бил почувствуван и во главниот град Тајпеј, каде зградите се нишале од земјотресот.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

На почетокот на месецот, најмалку 14 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди Хуалиен, а Тајван оттогаш е потресен од стотици последователни потреси.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи и земјотресите се честа појава.

На почеток