Свет

Шефот на израелската воена разузнавачка служба поднесе оставка

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека шефот на военото разузнавање, Ахарон Халива, поднел оставка поради неуспехот да го спречи нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Во својата оставка Халива повика на формирање комисија „која темелно, длабински, сеопфатен и прецизен ќе ги истражи и дознае сите фактори и околности кои доведоа до тешките настани“.

Ова е прва оставка на генерал од израелскиот Генералштаб, а тој изјавил дека ја сноси целосната одговорност една недела по нападот на Хамас, пренесува израелски Хаарец.

На 7 октомври минатата година, Хамас започна напад врз Израел во кој убија околу 1.200 луѓе и киднапираа околу 250, предизвикувајќи војна во Газа.

На почеток