Свет

Русија ја предупреди Европа: Ако ни се замерите, имаме одговор кој ќе ве повреди

Сојузникот на претседателот Владимир Путин денеска ја предупреди Европа дека Русија веќе подготвила закон за да се одмазди доколку Западот заплени речиси 300 милијарди долари руски имот и ги искористи за помош на Украина.

Откако претседателот Владимир Путин испрати војници во Украина во 2022 година, САД и нивните сојузници ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии, блокирајќи околу 300 милијарди долари суверени руски средства на Запад.

Врвните функционери во Соединетите Држави сакаат да запленат имот за да и помогнат на Украина, иако некои банкари и европски функционери се загрижени дека едноставното запленување на имотот ќе создаде опасен преседан.

Потенцијалната конфискација на рускиот имот ќе ја уништи глобалната економија, во Европа разбираат дека тоа не смее да се направи, изјави претседавачот на Советот на Федерацијата на Русија, Валентина Матвиенко.

„Ова, во принцип, ќе биде чекор без преседан во светската историја, кој едноставно ќе ја уништи глобалната економија. Ќе ја уништи довербата во светската економија. И, се разбира, тоа е апсолутно нелегитимен, незаконски потег. А во Европа сите разбираат дека тоа не смее да се направи“, рече Матвиенко во интервјуто со Дмитриј Кисељов, генерален директор на меѓународната медиумска групација „Северна Русија“, чиј дел е Спутник.

Таа, исто така, посочи дека Русија има подготвен одговор за одземањето на суверен руски имот и дека сенаторите се подготвени без одлагање да го разгледаат соодветниот предлог-закон поврзан со одмазднички мерки.

Според неа, Европејците знаат дека во случај на конфискација на руски имот, одговорот на Москва ќе биде остар и адекватен.

„Европјаните ќе изгубат повеќе од нас, и секако дека се плашат од тоа. Особено поради нивната економија во колапс“, рече Матвиенко.

Во таа насока, таа потсети и на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин упатени до Европејците – „денес ние, утре вие“.

Матвиенко објасни и дека Американците со својата надворешна политика сакаат да ја потиснат Европа и да ја намалат нејзината конкурентност, за што Вашингтон не е заинтересиран.

На почеток